Почна протестот на Самостојниот синдикат за здравство
Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита утрово, пред Работничкиот дом (ССМ), го почна најавениот протест за неселективно вработување, усогласување на платата согласно Законот за минимална плата и зголемување на коефициентите како додатоци на плата.
- Со протестот сакаме да го искажеме нашето незадоволство од непотпишаниот анекс на Колективниот договор и да укажеме на неминовноста, односно неопходноста од неговото потпишување веднаш по формирањето на новата влада, изјави Љубиша Каранфиловски.
Протестот под мотото „Здравството на протест за плата“, од Работничкиот дом ќе продолжи кон Министерството за здравство каде се предвидени изјави на претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.
Протестот е поддржан од Сојузот на синдикатите на Македонија.
Паралелно, денеска, здравствените работници ќе излезат на протест и пред здравствените домови низ државата.
Ново на Сител
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
-

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со ПССЕ: Ова е историски ден, рамо до рамот со денот кога се прогласи независноста
-

МЖСПП најавува нула толеранција за загадувачите, новиот Закон за контрола на емисииа носи построги правила за индустријата
-

Поднесено обвинение против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани
-

Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО
-

МВР: Во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари
-

Зеленски: Датумот или локацијата на новата рунда мировни преговори би можеле да бидат променети
-

ССМ најавува блокади од следната недела ако не се зголемат платите
