Почна проценката на штети врз овошките од пролетните ниски температури во Преспа

Комисиите за проценка на штетите предизвикани од ниските температури што во периодот од 21 до 23 и на 27 април го зафатија Преспанскиот регион, формирани од општина Ресен денеска почнаа да вршат проценки на штетите врз овошните насади.
На терен со петте комисии е и професорот Миле Пешевски од Земјоделскиот факултет во Скопје, кој претходно во малата сала на Општина Ресен одржа теоретска обука, а ќе има можност и практично да им помогне околу начинот на процената.
Комисиите, како што информира градоначалникот Ѓоко Стрезовски, во наредните 30 дена интензивно ќе вршат проценки на штети врз овошните насади врз основа на веќе пристигнатите 2.300 пријави, кои граѓаните ги доставија во периодот од 17 до 25 мај годинава.
- По извршувањето на процената општинските комисии задолжени се да подготват севкупен извештај и да го достават на усвојување до Советот на Општина Ресен. Потоа ќе биде информирана Владата на Република Македонија која ќе одлучува за евентуално обештетување на граѓаните кои пријавиле штети, изјави Стрезовски.
Ново на Сител
-

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ на Роберт од Скопје кој доживеал тешка повреда на мозокот
-

Рјабков: Русија сè уште нема јасна претстава за состанокот за Украина во Берлин
-

Андоновски: На 19 декември конференција за ИКТ Стратегијата СМАРТ/МК 2030
-

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
-

Приведен 44-годишен маж од Прилеп поради „тешка кражба“ во манастир во Неготино
-

Традиционален предновогодишен концерт на Воениот оркестар
-

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
