Почна пријавувањето субвенции за предадено млеко во Делчево и Македонска Каменица
Млекорпоизводителите од Делчево и Македонска Каменица од денеска ќе можат да поднесуваат барања за субвенционирање на произведеното и продаденото млеко во периодот од 1 мај до 30 септември.
Блаже Костадиновски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Делчево истакна дека во регионот на Делчево и Македонска Каменица околу 230 млекорпоизводители ја користат оваа можност што ја дава државата.
- Интересот кај млекопроизводителите е голем, а очекуваме и на овој повик да се движи во исти рамки. Повикот се однесува на сите млекопроизводители, а од потребните документи треба да донесат лична карта, трансакциска сметка, број на одгледувалишта и белешки за млеко. Цената за субвенционирање е по 3,5 денари за 1 литар продадено млеко, исстакна Костадиновски.
Тој ги повика млекопроизводителите за сите потребни информации да се јават во Подрачната единица при МЗШВ ПЕ Делчево. Пријавувањето ќе трае до 5 ноември 2016 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември