Почна пријавувањето на штетите на земјоделците од пролетниот мраз

Од денеска до 10 следниот земјоделците можат да поднесуваат барање за проценка на штети од доцните пролетни мразови настанати на 21 и 22 овој месец.
Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.
Во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лична документи и трансанциска сметка како и фотокопија од документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште, соопшти МЗШВ.
За проценката на штетите формирани се 73 комисии кои ќе ги посетат сите земјоделките стопанства на чии површини има измрзнување на културите.
Согласно одлуката на Владата, од недела комисии за испитување на штетите настанати кај овошните и лозовите насади од ниските температури и мразот се на терен и прават записници за штетите.
Ново на Сител
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
