Бизнис
5. September 2017 - 20:02

Почна пријавувањето на хотелиерите за мерката бесплатен одмор за најслабо платените работници

Министерството за економија ги повикува хотелиерите да се пријават за мерката бесплатен одмор за работници со ниски приходи.

На јавниот повик објавен денеска право на учество имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување во земјата.  За десет дена, пак, ќе излезе и поивкот до работниците кои сакаат да ја искористат меракта, а чии вкупни примања се до 22 илјади денари.

Целта е да им се овозжи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичите центри, а истовремено да им се помогне на хотелите да го зголемат обемот на работа вон туристичката сезона.

Од Хотелската асоцијација на Македонија велат дека иако допрва ќе треба да се утврдуваат детали од мерката, првите хотели веќе се пријавиле на огласот.

За мерката од буџетот се предвидени 60 милиони денари и таа ќе функционира по принципот прв дојден, прв услужен.

Државата ќе покрие сметки за годишен одмор на поединци или семејства до 15 илјади денари, а одморот треба да биде надвор од местото на живеење на корисникот. Проценката е дека ќе има околу 4000 корисници.

Хотелите ќе треба да достават фактура за наплата на средствата до министерството најдоцна до 18 декември годинава.