Почна поставувањето на монтажна болница во Централ парк во Њујорк
Работите на поставувањето голема монтажна болница во Централ парк во Њујорк, каде веќе постојат околу 50.000 кревети, започнаа денеска.
Се очекува веќе утре болницата да биде подготвена да прими нови пациенти заболени со коронавирус, а кои во „Големото јаболко“ ги има 33.776.
На источната страна на паркот, која гледа кон болницата „Маунт Синај“, се наоѓаат 14 шатори, а ќе има и оддел за интензивна нега со респиратори. За пациентите ќе се грижи тим од лекари и медицински сестри, кој им помагал на заразените лица од ебола во Западна Африка, но и на сириските бегалци во Ирак и на погодените од земјотресот во Еквадор, пишува „Њујорк пост“.
Координаторот на здравствените работници Елиот Тенпени изјави дека очекува болницата да почне со работа за 48 часа.
САД, кои имаат 320 милиони население, досега имаат 142.196 заразени со коронавирус, а починале 2.479 луѓе. Најмногу позитивни на Ковид-19 во САД има во сојузната држава Њујорк и тој број денеска надмина 50.000 лица.
Во градот денеска ќе пристигне и воен брод-болница, каде има илјада кревети и неколку операциони сали. Освен тоа градските власти процениле дека наскоро ќе им бидат потребни и 140.000 кревети, заштитна опрема, респиратори и медицински персонал.
Градочалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави дека 5 април ќе биде „Денот Д“ за градот.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство