Почна палењето стрништа во Пијанец и Малеш
Се почеста појавата на палење стрништа на крајниот Исток од државата. Надлежните од противпожарните служби од Пијанечко-малешевскиот регион со апел да се пријавуваат ваквите појави од страна на граѓаните, бидејќи се едни од најчестите предизвикувачи на огнени стихии.
-Имаме релативно топло време кое е погодно за пожари, чии главни предизвикувачи се запалени стрништа. Поради палењето стрништата и сувата трева често зафатени се шумските површини, гори борова шума, овошни насади, багрем, нискостеблеста деградирана шума во приватна и државна сопственост. Поради тоа под итно апелираме оваа појава да престане, велат пожарникарите од делчевската и беровската Територијална противпожарна единица.
Палењето оган на отворено е забрането, поради што за сторителите предвидени си високи парични казни, во износ и до 5.000 евра. Годинава во Пијанечко-малешевскиот регион во споредба со минатата година како што додадоа пожарникарите е намален бројот на пожари.
-Најголем дел од интервенциите се на пожари на објекти и на отворен и затворен простор. За среќа тие се во помал обем од минатата година, при што особено се зачувани шумските подрачја, каде речиси и да немаше пожари годинава, додадоа пожарникарите од општините Делчево и Берово.
Од Територијалните противпожарни единици за време на летните горештини, испратија апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за движење во шума и притоа да избегнуваат палење на оган на отворено.
Ново на Сител
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи