Македонија
16. November 2017 - 19:48

Почна откупот на тутунот

                    
                  
  Во прилепскиот Тутунски комбинат, како и во други шест лиценцирани откупни компании, согласно Законот за тутун, вчера, односно денеска започна раниот откуп на тутунот од годинашнава реколта, пакуван во картонска амбалажа. Од Тутунскиот комбинат, задоволни од успешниот откупен старт, годинава очекуваат  поквалитетен род и ветуваат дека ќе бидат откупени сите договорени количини тутун и дека исплатата ќе се врши по три дена од преземањето на родот.   
              
             Добриот квалитет на годинашниот род, со право ги подгрева надежите на тутунарите дека годинава ќе добијат и повисоки откупни цени, а некои од нив, иако очекувано за првиот откупен ден, реагираа на кинењето на класите при проценката.
               
                                       
             Првиот откупен ден во Тутунскиот комбинат, како и кај некои други откупни компании, беше исконтролиран и од Државниот инспекторат за земјоделство.
 
 
          Редовниот откуп на тутунот ќе започне на 15-ти декември.Според податоците на Министерството за земјоделие годинашната реколта се очекува да биде помала и да се движи меѓу 22.000 и 26.532 тони тутун.