Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена

Денеска, 1 декември, според пресметките на метеоролозите, започна зимата, чиј почеток се разликува од календарскиот.
Во метеорологијата и климатологијата, годишните времиња се поделени на четири квартали кои траат по три полни месеци. Оваа поделба се прави главно од статистички причини за полесно мерење и споредување на податоци. Според тоа, метеоролошкиот (климатскиот) почеток на зимата е 1 декември.
Календарскиот или астрономскиот почеток на зимата е, во зависност од годината, 21 или 22 декември. Оваа година зимската краткодневица (солстициј) ќе биде на 21 декември.
Особено за статистика, почетокот на годишното време среде месец би бил непрактичен, па уште пред да постојат компјутерите е одлучено тој да биде на почетокот на месецот. На тој начин поедноставно е да се претстават средните месечни вредности на температурата и зимските статистики, појаснува германскиот портал „wetter.de“.
Затоа метеоролошката зима трае од 1 декември до 28 февруари, а во престапна година до 29 февруари. Календарската зима на северната хемисфера оваа година ќе започне на 21 декември во 16:03 часот по средноевропско време.
МИА
Ново на Сител
-

Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина | ВИДЕО
-

На Денот на албанското знаме не било истакнато државното знаме, постапка против Општина Струга
-

Кривична за лице-државен просветен инспектор, психички малтретирал наставничка за да напише изјава каква што тој сакал
-

Двајца ресенчани нападнале полицајци со тврди предмети
-

19-годишник пронајден починат во неговиот дом во скопско
-

Возовите на релација Скопје - Велес - Скопје, Скопје - Битола и Жабени - Скопје нема да сообраќаат од 11 декември до 10 јуни 2026
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност, од отписот на 2.000 тони жито
-

Н1: Студентите на протестот на 28 декември собираат потписи за барање предвремени избори
