Почна лидерската средба

Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево почна средбата на лидерите на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на која ќе се разговара за исполнување на договорот од Пржино од 2 јуни/15 јули.
Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, според партиски најави, ќе разговараат за прашањата кои се закочени, а кои произлегуваат од договорот од Пржино како изборот на тројца експерти во Државната изборна комисија и медиумските реформи, но и за други прашања исто така поврзани со исполнување на овој договор.
На средбата присуствуваат и олеснувачот во меѓупартиските разговори, белгискиот експерт Питер Ванхауте, како и амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.
Премиерот Груевски е придружуван од министерот за здравство Никола Тодоров и заменик минисерката за правда Билјана Бришковска Бошкоски, Заев од Шекеринска, Ахмети од Муса Џафери и Артан Груби, а Тачи од Имер Алиу.
Последната средба на партиските лидери се одржа на 5 ноември, исто така, во Клубот на пратениците.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
