Почна изградбата на водоводната мрежа во Општина Чешиново – Облешево
Почна изградбата на водоводната мрежа во Општина Чешиново-Облешево, со што чиста вода за пиење ќе добијат и населбите Чифлик и Уларци.
Финансиската конструкција за реализација на проектот изнесува 15 милиони денари, средства обезбедени со кредит од Светска банка. Од оваа мерка, истакна Костадин Личков, градоначалник на Општина Чешиново – Облешево, општината ќе добие и грант по што со водоводна мрежа ќе бидат покриени и другите населени места.
- Ова беше една од најболните точки на општината Чешиново – Облешево бидејќи секоја куќа имаше сопствен бунар но добро знаеме што се случуваше во поплавите и во овие населени места водата не беше за пиење така што најгорливиот проблем на овие жители ќе го решиме со изградбата на водоводната мрежа, појасни градоначалникот Личков.
Во тек е и изградбата на регионалниот пат меѓу општините Чешиново – Облешево и Карбинци. Станува збор за делницата меѓу населено место Бурилчево и населено место Аргулица.
- Заврши првата фаза од овој проект, пробиен е патот, земјените работи се при крај и наскоро ќе се почне со асфалтирање. Овој пат долго време се чекаше, затоа што жителите од општина Карбинци за да дојдат во општина Чешиново – Облешево требаше да поминат околу 30 км, сега со овој пат ќе минуваат само 3 км, додаде Личков.
Средствата за изградба на овој регионален пат се обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски.
Ново на Сител
-
Ангелов: Очекувам чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или целосно сопрено во текот на денот
-
84-годишник сечел дрва, едно паднало врз него и го убило
-
Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината
-
Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели Ангелов
-
Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево
-
Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево
-
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
-
Приведен гевгеличанец, со возило удрил во мотоцикл при што тешко повредил двајца малолетници