Почна изградбата на патот до штипското село Суво Грло

Во Општина Штип од денеска почна изградбата на патот до селото Суво Грло, во должина од три километри. Раководителот на Одделението за Локален економски развој(ЛЕР) во Општина Штип, Тоше Ѓеоргиев информира дека средствата од 13 милиони денари без ДДВ се обезбедени од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.
- Изградбата на овој пат е од регионалниот пат Штип-Радовиш до селото Суво Грло, должината на патот е три километри со ширина на асфалтот од три и пол метри и по еден метар банкина. Со денешното започнување и со динамиката на работа и доколку овозможат временските услови овој пат се планира да биде готов за 30 дена, рече Ѓеоргиев.
Тој најави дека по завршување на овој проект ќе се асфалтираат и улици во селата Селце и Драгоево, со што Општина Штип ги реализира проектите кои се дел од Програмата за работа, но и се на барање на жителите од руралните средини.
Ново на Сител
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
