Македонија
23. November 2022 - 16:31

Почна изградбата на нова модерна управна зграда за Стопанска Банка

Стопанска банка конечно го удри камен темелникот на новата дирекција, лоцирана спроти хотелот Холидеј Ин во центарот на Скопје. Новата зграда ќе биде достојна на репутацијата на банката во земјава која во последниве децении се стекна со доверба кај клинетите, порачаа првите луѓе на банката.

Новиот објект треба да биде завршен за две години. Станува збор за 11 катница, со централната филијала која ќе биде сместена на приземјето.

СТОПАНСКА БАНКА е дел од банкарската групација на националната банка на Грција. Во Македонија е основана пред 78 годнини.