-->
-->
Почна изградбата на локален пат меѓу селата Врсаково и Долно Трогерци
-->
Почна изградба на пат меѓу штипското село Врсаково и карбинското село Долно Трогерци. Александар Југов вработен во општина Штип информира дека градежните екипи денеска почнуваат со асфалтирање на патот кој е во должина од над четири километри.
- Од Агенцијата за рурален развој и подршка на земјоделството одвоени се 17 милиони денари, а од општина Штип се одвоени седум милиони денари и со овие фиансиски средства ќе се покрие реализацијата на проектот. Се очекува за 10 дена да биде асфалтиран овој локален пат, а на Судичка река ќе се гради и плочест пропуст, вели Југов.
По изградбата на локалниот пат меѓу селата Врсаково и Долно Трогерци, градежните екипи ќе го санираат и локалниот пат меѓу селата Судиќ и Врсаково.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
