-->
-->
Почна исплатата на декемвриските пензии
-->
Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска започна етапната исплата на пензиите за месец декември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.– Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2022 година (вторник), за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2022 година (среда), за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2022 година (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.12.2022 година (петок), се наведува во соопштението од МТСП.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат и да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
