Почна имунизацијата со петвалентната вакцина
Петвалентната вакцина пристигна во Република Македонија, проверена е и е безбедна за употреба. Вакцинацијата со неа почна денеска во сите служби за имунизација во целата држава.
Ова денеска го изјави Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство.
- Ако од 1 август почнавме со шествалентните вакцини и од денеска со петвалентните вакцини, можеме да кажеме дека во Македонија веќе комплетно се во употреба поливалентните вакцини. Тоа значи од 13 боцкања за деца до 2 години сега се седум боцкања. Вакцините ќе бидат достапни за сите деца на возраст од два месеца до 2 години, посочи Костовска.
Истакна дека бенефитот за родителите е помалку одење на лекар, помалку стресни состојби и несакани реакции кај детето, како и зголемување на опфатот со вакцини.
- Оние родители за кои имавме сознанија дека одеа надвор од државата и ги купуваа овие вакцини на небезбеден начин сега веќе ги имаме во државата. Сигурно над 100 родители денеска ги вакцинирале децата, додаде Костовска.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Сведоштва за бугарските медиуми
-
СДСМ утре избира нов партиски лидер
-
Вреди ќе добие заменик во АНБ
-
Дали нотарите ќе поскапат и до 10 пати? Лога ја повикува новата влада да го укине тарифникот