Почна градба на лифт за инвалидизирани лица во општинската зграда во Кавадарци
Почна градбата на лифт за инвалидизирани лица во општинската зграда во Кавадарци, проект во вредност од 1 милион и 100 илјади денари.
Целта е, информираат од Службата за односи со јавноста при Локалната самоуправа,инвалидизираните лица полесно да доаѓаат до институциите на системот и самостојно да ги завршат неопходните работи поврзани со нив.
Планирано е, посочуваат, во наредните две години сите институции во Општината да им бидат достапни на лицата со посебни потреби.
- Започнуваме со Локалната смоуправа, најмногу благодарение на Вардарскиот плански регион каде заеднички аплициравме со општина Велес. Во Велес веќе е изграден ваков лифт. Сега, по завршувањето на тендерската постапка, проектот се имплементира и во Кавадарци, соопштија од општинската Служба за информирање.
Како што појаснуваат, составен дел на овој проект е изградбата на пристапни рампи во Основното општинско училиште „Гоце Делчев“.
- Но, се работи на тоа комплетно да се заокружи овој процес. Сигурни сме дека наредната година сите училишта и јавни институции ќе бидат достапни и до инвалидизираните лица, информираат од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР