Почна гласањето за вториот круг од локалните избори

Во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА потврдија дека сите избирачки места се отворени.
Се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 избирачи во Градот Скопје.
Вчера, на ден пред изборите, гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови.
ДИК најави дека првите согледувања за текот на гласањето и за излезеноста ќе ги објави на прес-конференција во 09:30 часот.
Првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори се очекува ДИК да ги соопшти околу 23 часот.
На 19 октомври, на првиот круг локалните избори завршија и се избрани 44 градоначалници како и за советите на општините, освен во Шуто Оризари каде на три избирачки места денеска се прегласува.
Гласање нема во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа поради малата излезност на гласачите. Таму ќе се гласа во рок од 60 дена од завршувањето на локалните избори.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдени 10 мигранти, приведен 24-годишник од Албанија
-

Мицкоски за судењето за „Пулс“: Исклучувам секакво политичко мешање од страна на Владата во процесот
-

Меѓународен ден на детето: Со мировно образование до праведно и инклузивно општество
-

Уставниот суд поведе постапка за линеарнотo зголемување на пензиитe
-

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор
-

До недела дожд, од понеделник постудено со снег на планините
-

Едно момче е приведено поради пожарот во деловната зграда на „Вјесник“ во Загреб
-

Пациентка сведочеше за примање терапија надвор од стандардна процедура во случајот „Онкологија 2“
