Почна академската година на Институтот за филм - Филмска академија Охрид

Новоформираниот Институт за филм - Филмска академија Охрид официјално ја започна академската година. Тринаесет домашни и странски, целосно стипендирани студенти од страна на Владата на РМ, од вчера ја следат наставата на постдипломските студии на катедрите за сценаристика и драматургија и за креативна продукција.
Институтот е резултат на повеќегодишна соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Владата на Чешката Република и ФАМУ - престижната филмска и телевизиска школа на Академијата за сценски уметности во Прага.
Студиските програми се тригодишни и се изведуваат на англиски јазик. Прилагодени се специјално за оваа институција согласно стандардите, принципите и долгата традиција на ФАМУ во Прага, петтата најстара филмска школа во светот, која ја завршиле влијателни режисери и сценаристи, добитници на Оскар и лауреати на меѓународни филмски фестивали, како македонскиот професор, режисер, продуцент и сценарист Иво Трајков, режисерите и писатели Јиржи Менцел, Милан Кундера, Милош Форман, Емир Кустурица, Лордан Зафрановиќ и Вацлав Хавел.
Наставниот кадар на Институтот за филм – Филмска академија Охрид покрај редовните, го сочинуваат и визитинг-професори од ФАМУ во Прага, што претставува исклучителна можност за постипломците, да учат директно од меѓу најдобрите професори во оваа област.
Институтот за филм (www.filmacademyohrid.com) е јавна научна установа, која функционира како придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Ново на Сител
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
-

Масовни протести во Франција: Речиси 1.000 приведени, судири со полицијата и стотици илјади демонстранти
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
