Почна 6. манифестација „Стпендии ЕКСПО-StudyAbroad 2015“

Можностите за студии, потребните услови за упис, стипендирање и други форми на финансиска помош на голем број странски универзитети се презентираат на шестата манифестација „Стипендии ЕКСПО-Study abroad 2015“, која почна денеска во Скопје.
Ивана Диевска од организацијата EAЦ центарот (Educational advising center) „Стипендии ЕКСПО 2015“ информира дека студентите можат да се запознаат со сите универзитети каде сакаат да аплицираат за своето понатамошно образование, за додипломски, постдипломски и докторски студии.
Годинава има 17 учесници од седум држави. Првпат се претставуваат Ashbury College од Канада, HUMBER Institute of Technology and Advanced Learning од Канада и EAE Business School од Шпанија, а има универзитети и од Швајцарија, Италија, Холандија, Грција и САД.
- Годинава се регистрирани преку илјада учесници, а очекуваме бројот да се зголеми. Последниве две години доста интерес се пројавува за студирање туризам, хотел менаџмент, елитен туризам, има голем интерес за технологиите, а најголем интерес студентите пројавуваат за студирање во Италија, рече Диевска.
Таа појасни дека единствен услов е познавање англиски јазик и поседување сертифицирани дипломи по англиски јазик.
- Студентите поединечно се запознаваат со оној универзитет на кој сакаат да студираат и можат детално да добијат информации од претставниците на универзитетите. Имаме парцијално стипендирање, можност за пракса во познати хотели... Од 100 проценти на апликации 60 до 80 отсто се успешни апликациите за студирање во странство, рече Диевска.
Појасни дека парцијална стипендија не е целосно стипендирање од универзитетот туку муже да се работи за делумно финасирање во самото студираење, одредена пракса во одреденени универзитети...
Оваа година спонзори на манифестацијата се Universita Cattolica del Sacro Cuore, Swiss Education Group и American College of Thessaloniki.
Влезниците за „Стипендии ЕКСПО – Study аbroad 2015“ се бесплатни и може да се добијат на влезот на манифестацијата.
Ново на Сител
-

Сали: Пораките на Кос за проширување на ЕУ се позитивен сигнал
-

Скопје одбележува 116 години од раѓањето на Мајка Тереза, положено цвеќе пред спомен плочата
-

Трајановски: Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Бројот на жртвите од земјотреси во Венецуела надмина 6.500 луѓе
-

За Богородица обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка
-

Во САД регистрирани првите овогодишни смртни случаи од морбили, епидемијата се шири
-

Утре и на 31 август ќе се прска против комарци во пет општини од Југоисточниот плански регион
-

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“
