Македонија
12. October 2023 - 11:04

Починат старец пронајден кај Валандово

Вчера на местото „Аџиовско трло“, во близина на селото Пирава, валандовско, бил пронајден починат Д.С. (72) од Пирава.

Како што информираа од СВР Струмица, тој бил пријавен дека на 8-ми овој месец се оддалечил од домот.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот старец било предадено на обдукција, која треба да ги утврди околностите и причините под кои настапила смртта.