Починале заедно од корона вирус, по 51 година брак
Двојка од Флорида, кои биле во брак 51 година, починаа од коронавирус. На оној свет отидоа скоро истовремено, во временско растојание од шест минути, иако нивниот син вели дека нивната состојба укажувала дека ќе ја пребродат болеста.
Според нивните блиски, Стјуарт Бејкер (74) и две години помладата Адријана Бејкер повеќе од половина век биле неразделни…
Но, кон средината на март се заразиле со коронавирус. Стјуарт, незнаејќи дека е заразен со Ковид-19, потоа бил примен и в болница, а Адријана останала дома.
Кога дознала дека на сопругот му се влошила состојбата и оти е префрлен на интензивна нега, односно дека е дефинитивно позитивен на коронавирусот, пошла и таа да се тестира.
Тогаш и нејзе ѝ се слошило. Веста за нивната смрт ја сподели нивниот син Бади Бејкер. Тој повикува сите да бидат свесни и внимателни и да ги следат препораките на лекарите и стручните лица.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија