Починал на денот кога требале да се венчаат
Вљубената двојка Џенифер Картер и Соломон Чау од Канада се вериле во април 2014 и закажале свадба во август годинава. Но, на почетокот на оваа година дознале дека тој боледува од рак на црниот дроб.
Веднаш ја презакажале венчавката за април годинава - Соломон починал токму на денот кога првично планирале да направат свадба, на 10 август.
Еден месец пред венчавката , во март, Соломон направил операција но болеста се проширила. лекарите предвиделе дека нема да го дочека летото. Затоа двајцата млади побрзале и се венчале на 11 април. Соломон храбро се борел со болеста, а лекарите го нарекувале супер - човек. Во брак со Џенифер бил 128 дена.
- Ме научи последните месеци дека не смеам да дозволам да пропадне ниту еден ден. Ми покажа што е вистинска љубов и на 26 години за љубовта научив повеќе од колку што некои ќе научат за цел живот. Требаше да поминеме 60 години заедно, но благодарна сум и на овие неверојатни 8 години кои Господ ни ги даде. Ти си се што сакав од сопруг и многу повеќе, и секогаш ќе те носам во срцето!
Вака Џенифер се прости од сопругот кој прерано ја напушти...
Ново на Сител
-
Над 100 лица уапсени во септември поради поседување на дрога
-
Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни
-
79-годишен дедо од Велес е прво лице во земјава кое ќе издржува куќен затвор со електронска алка
-
Дожд, снег и ниски утрински темеператури
-
Кривична за членка на Судски совет - за патни трошоци го оштетила буџетот во износ од 291.040 денари
-
Претреси во Ѓорче, пронајдена поголема количина кокаин и марихуана
-
Приведен крадец од Тетово
-
Пронајдени оружје и муниција при претрес во Кичево