Македонија
18. February 2023 - 17:29

Почина затвореник во болница

Почина затвореник од КПУ Затвор Скопје во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

- На 18.02.2023 во 03.48 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека осуденото лице М.С.(55) од Скопје, кој издржувал затворска казна во установата, починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.