Почина уште една пејачка ѕвезда

Некогаш популарниот пејач Колонел Ејбрамс почина во 68-та година од животот, потврди на социјалните мрежи Ди-Џеј Тјун Херберт, кој во последнава година се обидуваше да помогне на музичарот.
Ејбрамс врвот на кариерата го доживеа во 80-те години на минатиот век, а еден од неговите најголемите хитови беше „Trapped“ од 1985 година. Иако со музиката продолжи да се занимава и во следниот период, кариерата му тргна во надолна ливија, па последните неколку години од животот ги помина како бездомник на улиците на Њујорк.
- Дознав дека Колонел Ејбрамс починал на Денот на благодарноста, по точно една година отакако неговите најверни фанови и јас се обидовме да му помогнеме. Сега веќе не страда и не е „затворен“. Моето сочувство до неговото семејство и фановите во целиот свет, напиша Херберт на својот профил на Фејсбук.
Ејбрамс во последните години од животот боледуал од дијабетес, немал здравствено осигурување и преживувал како бездомник на улиците на Њујорк. Пред една година на иницијатива на Херберт беше покрената хуманитарна акција за него, но помошта не успеа на време да стигне.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
