Почина трикратниот светски шампион Пеле
Почина легендарниот фудбалер, трикратниот светски шампион Пеле, пренесе вечерва „АП“.
Од неодамна поранешниот фудбалер на бразилската репрезентација се наоѓа во болница по влошена здравствена состојба.
Пеле се бореше со прогресивните ефекти на ракот на дебелото црево. Болеста беше откриена кај Пеле минатата есен, по што 82-годишниот Бразилец беше подложен на хемотерапија, но подоцна телото престана да реагира на тоа. Во врска со ова, неговата состојба постепено почна да се влошува, а на 29 ноември беше хоспитализиран.
Едсон Арантес до Насименто Пеле е единствениот фудбалер во историјата кој освоил три Светски првенства (во 1958, 1962, 1970 година). Во текот на кариерата за Бразил одигра 92 натпревари и постигна 77 голови.
Пеле го држеше рекордот по постигнати голови за националниот тим до неодамнешното Светско првенство во Катар, каде Нејмар го повтори достигнувањето.
Во 2000 година, ФИФА ги прогласи Пеле и Диего Марадона за најдобри фудбалери на 20 век.
Ново на Сител
-
Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно
-
Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка
-
Набавени 80 000 вакцини против сезонски грип, имунизацијата ќе почне во втората половина на октомври
-
Камион излетал од патот Деве Баир - Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот е во прекин
-
Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина
-
Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење