-->
-->
Почина тренерот Левандовски
-->
Поранешниот тренер на Баер Леверкузен Саша Левандовски ненадејно починал во средата на 44-годишна возраст. Полицијата во Бухум, соопшти дека тренерот кој има презиме како и напаѓачот на Полска и Баерн Минхен, бил пронајден мртов во својот стан, без да ја наведе причината за смртта.
Саша Левандовски, во сезоната 2012/2013, заедно со Сами Хипија го предводеше Баерн Леверкузен до третото место во Бундеслигата и пласман во Лигата на шампионите.
Минатиот септември, Левандовски стана тренер на Унион Берлин, но на лекарска препорака тој се повлекол од функцијата во март оваа година. Лекарите му препорачале на Левандовски да поднесе оставка поради хроничен стрес.
Инаку, Саша Левандовски не е во никаква роднинска врска со еден од најдобрите светски напаѓачи Роберт Левандовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд