Почина светскиот рекордер за најдолг престој во Вселената, Пољаков

Рускиот космонаут Валериј Пољаков, кој помина рекордни 437 денови во Вселената, почина на 80 години, објави руската вселенска агенција Роскосмос.
Пољаков, кој по професија беше лекар роден е во Тула на 27 април 1942 година. Тој како лекар работел во Московскиот институт за биомедицински проблеми, водечката советска институција за вселенска медицина.
Тој се приклучи на советската вселенска програма во раните 70-ти години од минатиот век. Како космонаут, тој летал до вселенската станица Мир во два наврати во 80-те и 90-те.
За време на вселенската мисија Сојуз ТМ-18 од 1994 до 1995 година, Пољаков во Вселената помина вкупно 437 дена, 17 часа и 58 минути. Тој сè уште го држи светскиот рекорд за најдолг престој во Вселената.
Во текот на својата кариера, Пољаков поминал повеќе од 678 дена на вселенската станица, вршејќи медицински експерименти и собирајќи податоци за влијанието на долгорочниот вселенски лет врз човечкото тело.
Меѓутоа, за разлика од повеќето негови колеги, тој никогаш не излегол надвор од станицата на вселенска прошетка.
Тој напиша повеќе од 50 научни трудови за вселенска медицина.
Ново на Сител
-

Новите предлог закони за високо образование и за квалитетот на високото образование
-

Недостигаат современи луксузни хотели
-

За 2025 Општина Прилеп наплатила 60% од данокот на имот и 44% од комунална такса фирмарина
-

Вечерва свечено ќе бидат отворени 25. ЗОИ што ќе одржуваат од 6-22. февруари во Милано и Кортина
-

Преглед на вестите од светот
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
