Почина штипјанка позитивна на Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести во Скопје
Почина 80-годишна жена од Штип на Клиниката за Инфективни болести во Скопје, која била позитивна на Ковид 19. Оваа информација ја потврдија надлежните од Центарот за јавно здравје и Oпштина Штип.
Жената која неколку дена се лекуваше на Клиниката за инфективни болести во Скопје, по што ја изгуби битката со коронавирусот, најпрвин беше хоспитализирана на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.
МИА веќе информираше дека 80-годишната жена беше примена со дијагноза бронохопневмонија, беа направени два теста кои покажаа дека се негативни, но третиот покажа позитивни резултати на Ковид 19. По нејзиниот случај 14 медицински лици од штипското Инфективно одделение се сместени во самоизолација, односно веќе четврти ден се изолирани двајца лекари, осум медицински сестри и четворица болничари.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев веднаш направи реорганизација. Медицинските сестри се пополнети со кадар од другите одделенија, а на едниот инфектолог на помош од неделата му доаѓа инфектолог од струмичката болница.
Ѓеорѓијев информира дека во моментов на Инфективното одделение се лекуваат пет пациенти позитивни на Ковид 19, од кои двајца се од Штип, а тројца од кочанскиот регион и имаат четворица пациенти кои се со сомнителни симптоми на коронавирус и за нив се чекаат резулатите од тестирањето.
Ново на Сител
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека