Почина Ричард Донер, режисерот на „Супермен“
Ричард Донер, режисерот на „Супермен“ и „Смртоносно оружје“, почина на 92-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство.
Донер имаше богата кариера како режисер и продуцент, особено во 1970-тите и 80-тите. Заслужен е за зачнувањето на модерната ера на суперхеројски филмови, со „Супермен“ со Кристофер Рив. Тоа тогаш се сметаше за ризична авантура, поради големиот буџет за специјални ефекти, кога популарноста на филмовите со стрип-ликови сè уште не беше докажана пред публиката.
„Супермен“, снимен 1978 година, имаше огромен комерцијален успех и стана филм со најголема заработка во Северна Америка тогаш – 300 милиони долари. Беше номиниран за четири Оскари и доби Оскар за најдобри визуелни ефекти.
Донер подоцна водеше продукциска куќа со неговата сопруга Лорен Шулер Донер, која ги продуцираше „Икс-мен“ и „Ослободете го Вили“, меѓу другите.
Ново на Сител
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
-

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава
-

Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг
