Почина режисерот Џорџ Ромеро
Американскиот режисер Џорџ Ромеро, познат по неговите хорор филмови, почина на 77 годишна возраст.
Неговата сопруга соопшти дека Ромеро ја загуби својата „куса, но агресивна борба со ракот на белите дробови".
Тој е автор на легендарниот серијал за т.н. зомби филмови, што започна со „Ноќта на живите мртовци" (1968). Важеше за „револуционер“ во областа на тој хорор жанр. Неговите зомбија беа повеќе од обични канибали, тие беа метафори на конформизмот, расизмот и класните разлики.
Првиот негов зомби филм се смета за своевидна критика кон расизмот во САД, бидејќи единствениот црномурест преживеан од борбата со „немртвите“ беше застрелан од спасувачите.
Самиот Ромеро во повеќе наврати велеше дека не би работел на хорор филмови, доколку ја немал можноста во нив да ги изразува своите политички погледи и пораки.
Ново на Сител
-
Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума
-
Премиерот Мицкоски на поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија во Скопје
-
ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола
-
Првиот клуб на починатиот фудбалер Жота ќе користи дрес со неговиот лик
-
Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер
-
Без струја дел од општина Карпош
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Гром удри на фудбалски натпревар во Србија, десет играчи паднале на теренот, од кои еден е тешко повреден