Почина режисерот Џорџ Ромеро
Американскиот режисер Џорџ Ромеро, познат по неговите хорор филмови, почина на 77 годишна возраст.
Неговата сопруга соопшти дека Ромеро ја загуби својата „куса, но агресивна борба со ракот на белите дробови".
Тој е автор на легендарниот серијал за т.н. зомби филмови, што започна со „Ноќта на живите мртовци" (1968). Важеше за „револуционер“ во областа на тој хорор жанр. Неговите зомбија беа повеќе од обични канибали, тие беа метафори на конформизмот, расизмот и класните разлики.
Првиот негов зомби филм се смета за своевидна критика кон расизмот во САД, бидејќи единствениот црномурест преживеан од борбата со „немртвите“ беше застрелан од спасувачите.
Самиот Ромеро во повеќе наврати велеше дека не би работел на хорор филмови, доколку ја немал можноста во нив да ги изразува своите политички погледи и пораки.
Ново на Сител
-
Кратовчанец возел со 2,28 промили алкохол во крвта и се обидел да и побегне на полицијата
-
Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани
-
Верниците од денеска ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск
-
Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск
-
Три лица загинаа во пад на мал авион во американската држава Тенеси
-
Трамп: Путин само ме тапка по рамото
-
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени кога возило влета во публиката на фестивал во Канада
-
Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд