Почина режисерот Александар Ѓурчинов

Почина Александар Ѓурчинов, познат македонски филмски режисер и сценарист.
Ѓурчинов со своето работење остави силна трага во зачетоците на македонската кинематографија. Добитник е на бројни награди и признанија, но две негови дела ќе останат трајно врежани во историјатот на македонската кинематографија. Документарниот филм Весници, Весници. Попознат за пошироката јавност е играниот филм Исправи се Делфина.
Ѓурчинов во 1962 година дипломира уметност во Белград. Долги години се занимаваше со киноаматеризам. Во 1958 година го добива првиот професионален ангажман на филм, како асистент по режија во копродукцискиот филм Дубровски на режисерот Вилијам Дитерле. Ѓурчинов се јавува и како асистент и помошник-режисер на повеќе режисери, меѓу кои е и познатиот француски режисер Кристијан Жак, кај кого работел за време на студискиот престој во Париз.
Долги години Ѓурчинов беше директор на „Македонија филм“ од каде даде придонес за македонската кинематографија.скс/
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
