Почина раперот Кулио

Раперот Артис Леон Ајви Помладиот, попознат по уметничкото име Кулио, почина вчера во домот на свој пријател во Лос Анџелес, САД. Музичарот имаше 59 години.
Веста за неговата смрт ја потврди неговиот менаџер. Причината за смртта сѐ уште не е откриена. Според неофицијални наводи, не постои сомневање за насилство и веројатно се работи за срцев удар. Инаку, раперот се здоби со светска слава по објавувањето на хитот „Gangsta’s Paradise“ во 1995 година, за кој беше награден со „Греми“ за најдобра соло-рап изведба.
На почетокот на оваа година, песната достигна една милијарда прегледи на Јутјуб. Тој има издадено вкупно осум албуми. Кулио уште петпати во кариерата беше номиниран за „Греми“. Има шест деца и бил оженет со Џосефа Салинас од 1996 до 2000 година.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
