Почина првиот претседател на Украина, кој со Јелцин го потпиша распадот на СССР
Леонид Макарович Кравчук, првиот претседател на независна Украина, почина на 88-годишна возраст.
Кравчук починал попладнево „по долго боледување“, рекло неговото семејство за украинската новинска агенција. Поранешниот претседател беше хоспитализиран во јуни 2021 година и ставен на интензивна нега по операција на срцето.
Роден во западноукраинскиот регион Ровно, Кравчук во 1958 година ѝ се приклучил на Комунистичката партија на Украина и се искачил низ хиерархијата на одделот за пропаганда. Во 1990 година тој стана претседател на Врховниот совет на Украинската ССР. Во август 1991 година стана вршител на должноста претседател на Украина, откако Врховната рада во Киев го усвои украинскиот устав - и беше формално избран на 5 декември 1991 година.
Само три дена подоцна, тој се состана со рускиот претседател Борис Јелцин и со претседателот на белорускиот парламент Станислав Шушкевич во вила во Белорусија и го потпиша познатиот Беловешки договор со кој беше расформиран Советскиот Сојуз. Шушкевич почина претходно овој месец, на 87-годишна возраст. Јелцин почина во 2007 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува
-
Камерите ќе го зголемат бројот на казни за сообраќајни прекршоци
-
Тротоарите во Скопје непроодни од ѓубре, Општина Аеродром и Градот поднесоа кривични пријави
-
Граѓаните бараат решение за Вардариште пред изборите – вчера повторно запалена депонија близу Арачиново
-
Резолуцијата на Филипче ќе добие конкретни забелешки од Владата по изборите