Почина проф. д-р Љупчо Ајдински, истакнат научник и еден од основоположниците на дефектологијата во земјава
На 91-годишна возраст вчера во Скопје почина проф. д-р Љупчо Ајдински, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Беше роден на 28 април 1930 година во Ново Село, Струмица. Докторира на Дефектолошкиот факултет во Белград.
– Со професорот Ајдински се поврзуваат грижата, заштитата и третманот на лицата со попреченост во Република Македонија. Основоположник е на системот за институционална заштита и едукација на лицата со попреченост, а со тоа и на првиот организиран третман на овие лица. Основоположник е на Институт за дефектологија (1993 г.) при Филозофскиот факултет во Скопје. Активно учествуваше во основањето на Сојузите на слепи, глуви и на другите инвалидски организации, соопшти проф. д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет во Скопје
Автор е на многу научни трудови, публикации, учебници и монографии. После пензионирањето ја продолжи својата хумана активност во инвалидските организации, граѓанското здружение „Мајка Тереза“ и во Лајнсовиот клуб „Св. Пантелејмон“.
Во 2010 година ја основа хуманитарна фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“, чија главна дејност е доделување награди на институции и лица со попреченост, како и стипендирање на ученици и студенти од областа на специјалната едукација и рехабилитација.
– Професорот Ајдински остави белег и врз општествено политичкиот живот во Република Македонија. Своевремено учествуваше во креирањето на законски решенија во социјалната, здравствената и детската заштита, наведува деканот Дуев.
За својата работа, професорот Ајдински беше одликуван со многу награди и признанија, меѓу кои: „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“, „Мајка Тереза“, „13-Ноември“, Милениумски медал на честа и други.
Посмртните останки на професор Љупчо Ајдински ќе бидат изложени на 6.август, петок во капелата на гробиштата „Бутел“ во 9 часот, а погребот ќе биде во 10 часот.
Ново на Сител
-

Кондарко: Гласањето тече во најдобар ред, до девет часот одѕивот 2,88 проценти
-

МВР: Регистрирани 10 пријави за нарушување на изборниот молк
-

Израел предупреди дека може да ги интензивира нападите врз Хезболах во јужен Либан
-

НБА: Мемфис го суспендираше Морант поради несоодветни коментари
-

Локални избори 2025, вести во 09:30
-

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти
-

Зеленски најави бесплатно патување со воз и фиксни цени на енергијата
-

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори
