Почина претседателката на Нобеловиот комитет
Осло, 20 февруари 2017 (МИА) - Претседателката на норвешкиот Нобелов комитет, Каци Кулман Фиве почина на 65-годишнa возраст по долго боледување, соопшти денеска органзиацијата.
Кулман, која од 2014 годна се лекуваше од рак на дојка, починала вчера. Минатата година нејзината здравствена состојба се влоши поради што таа откажа учество на неколку собири.
Кулман стана членка на Нобеловиот комитет во 2003 година, а претседаваше со него од 2015 година.
Таа беше меѓу членовите кои одлучија Нобеловата награда за мир да му се додели на поранешниот потпретседател на САД, АЛ Гор (2007), на поранешниот американски претседател Барак Обама (2009), на кинескиот дисидент Лиу Сјаобо (2010) и на иранскиот борец за човекови права Ширин Ебади (2003).
Кулман од 1991 до 1994 година беше лидер на норвешката Конзервативна партија, а од 1989 до 1990 година беше министерка за трговија и транспорт.
Ново на Сител
-
ДСЗИ не констатирал недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во Струшката болница
-
Девојка избоде три лица со нож во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
-
Американец осуден на рекордни 475 години затвор поради организирање борби со кучиња
-
Етиката во религиите не смее да биде на маргините, туку во главните текови на образованието
-
Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер
-
Именувана нова директорка на Детска клиника Козле, д-р Катерина Бошковска
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во процесот на проширување на ЕУ
-
Колагенот важен против опасноста од рак