Почина познатиот режисер Дејвид Линч на 78-годишна возраст

Познатиот режисер и сценарист Дејвид Линч, кој радикално го промени американското кино со својата мрачна, надреалистичка уметничка визија, почина за жал на 78-годишна возраст.
Неговото семејство веста за неговата смрт ја објави на социјалните мрежи.
- „Светот сега е едно големо празно место бидејќи тој повеќе не е со нас. Но, како што би рекол: „Фокусирајте се на крофната, а не на дупката“.
Дејвид Линч во август минатата година објави дека има емфизем, но дека не се пензионира.
Секое задоволство има своја цена“, напиша американскиот режисер на Х, потврдувајќи дека боледува од белодробен емфизем поради „долгогодишното уживање во цигарите“, но истовремено ги информирал своите обожаватели дека „никогаш нема да се пензионира“.
Телевизиските серии „Твин Пикс“ и филмовите како „Син сомот“, „Изгубениот автопат“ и „Булевар звезда“ комбинираа елементи на хорор, филм ноар, крими-мистерија и класичен европски надреализам. Линч раскажуваше приказни, не толку различни од Луис Буњуел, кои ја следеа нивната сопствена непробојна логика, пренесува Вариети.
Во интервју за британскиот магазин „Sight and Sound“, во септември, тој призна дека е помалку активен од порано и дека можеби ќе треба да им дава инструкции на своите актери од далечина за време на идните проекти.
Ново на Сител
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
-

Нема да се прави ребаланс на буџетот за минималец од 600 евра
