-->
-->
Почина познатиот актер, серијата „Синови на анархијата“ загуби двајца актери за три месеци
-->
Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата во серијата „Синови на анархијата“, почина од срцев удар во 49-та година од животот. Неговото тело е пронајдено завчера вечер во домот на неговиот татко во Сан Хозе, Калифорнија.
Актерот е пронајден без свест, а и покрај обидите на екипата од Итна помош, тој не покажа подобрување и е прогласен за мртов.
Освен во „Синови на анархијата“, Васкез глумеше и во „Како ја запознав мајка ви“, „Итна помош“, „Истрага на местото на злосторството: Њујорк“ и други познати серии и филмови.
Васкез е вториот глумец од оваа серија кој почина за само три месеци. Неговиот колега Алан О'Нил почина од труење со алкохол во јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење