Почина познатиот актер и комичар Боб Сагет
Американскиот глумец и комичар Роберт – Боб Сагет, познат по улогата на саканиот самохран татко Дени Танер во комичната ТВ-серија „Полна куќа“ (Full House), и како водител на „Најсмешните домашни видеа од Америка“, почина на 66-годишна возраст, за време на својата стенд-ап турнеја низ САД.
Брзата помош го пронашла актерот во соба во хотелот „Риц-Карлтон“ во Орландо вчера попладне и констатирала смрт на лице место, соопшти шерифот на округот Оринџ, нагласувајќи дека не се пронајдени траги од дрога. Сагет беше на Флорида каде што настапи во петокот и саботата. Тој се огласи и на Инстаграм по топлиот прием од публиката.
„Ѝ се вратив во комедијата како кога имав 26 години. Претпоставувам дека го пронаоѓам мојот нов глас и го сакам секој миг!“, напиша тој.
Многу негови колеги и пријатели се збогуваат со него на интернет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга