Почина познат македонски професор
На 83 годишна возраст денеска во Скопје почина Антон Роп, првиот декан на Факултетот за безбедност во Скопје.
Во текот на неговата кариера Роп бил вработен во Министерството за внатрешни работи каде бил началник на Одделението за криминалистичко-технички испитувања. Тој активно учествувал во формирањето на криминалистичките лаборатории, Одделението за дактилоскопска идентификација и Криминалистичкиот музеј при МВР.
Роп бил избран за прв декан на тогаш формираниот Факултет за безбедност во Скопје. Функцијата ја обавувал во два мандата, а бил и долгогодишен професор по крим. техника. Автор е на повеќе трудови од криминалистичката област и учествувал на повеќе меѓународни собири од кои најзначаен е колоквиумот на ИНТЕРПОЛ во Париз.
Посмртните останки на Антон Роп утре од 11 до 12 часот ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите