Почина последниот претседател на Претседателството на СФРЈ, Борислав Јовиќ
Српскиот и југословенски политичар и последен претседател на Претседателството на СФРЈ, Борислав Јовиќ (93), кој воедно беше и сојузник на Слободан Милошевиќ почина денеска во Белград како последица на Ковид-19, објавија белградските медиуми.
Јовиќ кој беше и висок функционер во Социјалистичката партија на Србија почина во Военомедицинскиот центар Карабурм каде беше хоспитализиран со воспаление на белите дробови предизвикано од коронавирусот.
Беше водач на Социјалистичката партија на Србија – го замени Милошевиќ
На 15 март 1991 година Јовиќ поднесе оставка откако Претседателството на СФРЈ, како Врховна команда на вооружените сили не го одобри предлогот на Штабот за воведување вонредна состојба во земјата, но српското Народно Собрание не ја прифати неговата оставка.
Оттогаш Јовиќе беше лидер на Социјалистичката партија на Србија од 24 мај 1991 до 24 октомври 1992 година, на местото на Слободан Милошевиќ кој повеќе не можеше да го стори тоа поради уставните ограничувања, откако стана шеф на државата.
Кога Милошевиќ официјално се врати на чело на партијата, Јовиќ стана потпретседател на СПС и остана на функцијата до ноември 1995 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари