Почина поранешниот тренер на ФК Вардар, Вишњевац
На 80-годишна возраст денеска почина поранешниот тренер на фудбалскиот клуб Вардар, Вукашин Вишњевац.
Вишњевац во сезоната 1983/84 беше шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски клуб Вардар, и ќе остане запаметен како човекот кој ги лансираше Дарко Панчев, Драги Сетинов, Чедомир Јаневски и други.
Освен како тренер, Вишњевац остави трага во Вардар и со тоа што целосно го реформираше спортскиот сектор, инсистирајќи на играчи од својата школа, но и ги собираше најдобрите фудбалери кои играа во клубовите на територијата на Македонија.
Својот најголем тренерски успех го оствари во 1979 година кога како селектор на младата репрезентација на Југославија играше во финалето на ЕП, а со олимписката репрезентација на Југославија стигна до бронзениот медал на Олимписките игри 1980 во Москва.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка