Почина петгодишното момче од Мароко, кое четири дена беше заробено во бунар
Петгодишното момче Рајан, кое четири дена помина во бунар длабок 32 метри, почина кога спасувачите го извлекле од бунарот, соопштија мароканските власти.
Момчето починало пред спасувачите да дојдат кај него, изјавија владини претставници.
Како што објавија странските агенции, спасувачите со раце ги ископале последните три метри во бунарот за да не дојде до одрон.
Спасувачките служби во Мароко со денови се обидуваа да стигнат до петгодишниот Рајан, кој пред четири дена падна во јама длабока околу 32 метри.
Во комплицираната спасувачка акција беа вклучени бројни служби, а особено се стравуваше од одрони со оглед на тоа што јамата се наоѓа на свлечиште.
Теренот во тој дел бил составен од мешавина од камења и песок, па спасувачките служби морале да употребат тешка механизација за да стигнат до момчето.
Несреќата се случила кога таткото на Рајан работел на поправка на бунарот.
Кралот Мухамед Шести од Мароко ги повикал родителите на момчето за да им изрази сочувство.
Ново на Сител
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
