-->
-->
Почина пејачката Бони Поинтер
-->
Бони Поинтер, една од четирите сестри од американската поп и Р’н’Б група „Поинтер систерс“, почина на 69-годишна возраст. Причината за смртта се проблеми со срцето.
Родена е на 11 јули 1950 година, во Оукленд, Калифорнија, САД.
Бони, Анита, Рут и Џун, пред да станат славни 1970-тите, пееле заедно во црквата на својот татко во родниот град. Имаат освоено три музички Греми награди, од коишто една и за песната „Fairytale” од 1975 година, којашто ја напишале Бони и Анита.

Други попознати нивни хитови се „I’m So Excited” и „Jump (For My Love)”.
Бони ја напушти групата во 1977., па нејзината солокариера ја одбележа хитот „Heaven Must Have Sent You” од 1978 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
