Почина од леукемија момчето на кое Путин му ја исполни животната желба
Десетгодишниот Коља Кузнецов, чија животна желба да се ракува со претседателот Владимир Путин му се исполни во пресрет на Нова година, почина на интензивна нега на една московска клиника, изјави за РИА „Новости“ неговата мајка Елена Кузнецова.
Коља се бореше против акутна леукемија.
Желбата да се ракува со претседателот му се појавила на сон и не можеше ни да претпостави дека еден ден таа желба ќ ему биде исполнета. Ова Коља им го раскажа на новинарите во Кремљ на 27 декември, кога се сретна со претседателот. Штом слушна за желбата на момчето, Путин рече: „Тоа е многу трогателно и за мене неочекувано“. Коља потоа раскажа дека претседателот цврсто му ја стегнал раката.
„Коља почина на интензивна нега на клиниката „Дмитриј Рогачов“ на 19 февруари. Срцето не издржа. Секоја чест за лекарите, презедоа сѐ што беше во нивна моќ, па и повеќе од нивната моќ. Погребот беше на 23 февруари на Денот на заштитникот на татковината. Претседателот ми телефонираше и се обиде да ме утеши“, раскажа мајката на Коља.
Ново на Сител
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград