Почина Монсерат Кабаје: Оперската дива со Фреди го испеа најголемиот хит, а поради лошото здравје избегна затворска казна
Познатата шпанска оперска пејачка Монсерат Кабаје почина на 85 - годишна возраст.
За нејзината смрт соопштиле лекарите од болница во Барселона каде што била хоспитализирана пејачката.
Најголемиот хит во соло кариерата го испеа со Фреди Меркјури, пејачот на групата Квин. Освен одличниот деловен однос Монсерат и Фреди беа големи пријатели.
По неговата смрт 1991 година, „Барселона“ се испеа и на Олимписките Игри и се најде на самиот врв на мучиките листи во Британија, Холандија и Нов Зеланд.
Инаку, пејачката во 2015 година избегна затворна казна поради даночна измама токму поради лошето здравје.
Имаше обврска да плати 254.000 евра.
Со тенорот Бернаби Марти имаше две деца. Се венчаа во 1964 година.
Други детали за смртта на пејачката сега не се соопштуваат.
Ново на Сител
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг