Македонија
5. April 2017 - 14:43

Почина момчето тешко повредено во железничка несреќа во Качанички пат

Младиот А.С. од село Мојанце почина на КАРИЛ при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

27-годишното момче таму беше префрлено поради тешките повреди здобиени во железничката несреќа на 28 март кога возилото голф во кое се возел како совозач било удрено од страна на патнички воз.

Железничката несреќа се случила на див премин на пругата Скопје - Кичево во близина на ул. Качанички пат.

МВР соопшти дека тој завчера во 17,20 часот им подлегнал на повредите.