Македонија
2. јуни 2020 - 14:11

Почина медиумски работник во земјава заразен од коронавирус

Вчера почина првиот медиумски работник од коронавирусот во земјава. Станува збор за 44-годишниот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа, кој работел во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа. 

Инаку во Струга во моментов има 12 активни случаи на Ковид-19, од кои само еден е во Лабуништа. 

Во Лабуништа бројот на починати се искачи на 16, а првиот смртен случај беше 56-годишна пациентка.