Почина Лери Флинт
Основачот на познатото списание за мажи „Хастлер“ и позната медиумска личност, Американецот Лери Флинт почина вчера на 79-годишна возраст.
Извори блиски до семејството велат дека тој починал од срцев удар во Калифорнија.
Повеќе од 50 години, Флинт беше едно од најголемите имиња во индустријата за забава за возрасни – тој го почна печатењето на „Хастлер“ во 1974 година, што му донесе слава и богатство, но и бројни проблеми со законот. Голем дел од сѐ тоа е раскажано во филмот „Народот против Лари Флинт“ (The People vs. Larry Flynt), добитник на Оскар во 1996 година, со Вуди Харлесон во насловната улога.
Флинт во 1978 година беше застрелан од серискиот убиец Џозеф Пол Франкин, што го остави парализиран од колковите надолу и во ортопедска количка.
Тој се женеше петпати, а еднаш, во 1984 година, се обиде да се кандидира и за претседател на САД, како и за гувернер на Калифорнија во 2003 година. Зад себе остави пет ќерки и син, како и повеќе внуци и правнуци.
Ново на Сител
-
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“
-
Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција и дефокус од реформите
-
Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи
-
Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва
-
Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон